Одредено ограничување за работниците кои се вработени на неопределено време преку овој закон да не го прекинат работниот однос по свое барање, да ги исполнуваат обврските и да не ја кршат работна дисциплина претставува одредбата според која за повторното вработување на оние работници на кои им престанал работниот однос по наведените основи работодавците нема да можат да ги користат поволностите од овој закон (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со измените од септември 36 Ваквата нејасна и неразбирлива формулација остава простор за различо толкување и примена, можност која е спротивна на правната сигурност на граѓаните, како елемент на владеењето на правото постулирано во чл. 8 ст. 1 ал. 3 од Уставот на РМ (1992). 46 2010 година беа избришани три од четирите прекршочни дејствија за кои следи санкција за работодавачот (ако не исплатил плата, односно најниска плата, за три месеца; не го почитува, односно го крши работното време и распоредот на работното време; не води, неправилно води или го злоупотребува електронско евидентирање на полното работно време и на прекувремената работа).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Инспекторот на трудот, со решение, ќе го забрани вршењето на работи на работодавачот ако не го почитува, односно го крши работното време и распоредот на работното време (чл. 259, ст.1, ал.3 од ЗРО). 6. Според ЗРО работодавачот е должен на работникот да му ги надомести и трошоците поврзани со работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Прекувремената работа може да трае најмногу 285 осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно – освен за работите кои, поради специфичниот процес на работа, не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Иако платата на работникот за работа со полно работно вре- ме не може да биде пониска од најниската плата утврдена според закон и колективен договор (чл. 107, ЗРО) – до денес [јуни 2011] во РМ не е донесен таков закон кој ја регулира материјата за т.н. „минималец“ односно најниска плата, а оваа материја не е регули- рана ниту со Општиот колективен договор за стопанството на РМ (10.VII.2009) – туку тоа е оставено да се стори со колективните договори на ниво на дејностите (в. чл. 17, ОКДС). 5. Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно, а работната недела, по правило, трае пет работни дена (чл. 116, ст.1-2, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)