Дресерот носеше на себе заштитни алишта, ракавици и кај секое куче ќе предизвикаше бес; а потоа и целата група кучиња, ќе ги раздразнеше до таа мера што тие ужасно лаеја, квичеа, напинаа на синџирите да ги скинат, а потеа сам одеше и се криеше во шумата; кога ќе се скриеше, војниците ги пуштаа кучињата и тие, лаејќи и душкајќи по неговите траги, го наоѓаа каде што беше скриен; му се нафрлуваа, но војниците ги сепнуваа, ги задржуваа и ги тргаа за синџирите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Го фрлам аливцата и излегувам. Гледам војник се наведнува, зема камења, а Чако го прилајува и подбегнува. - Мирен, викам, мирен и Чако ја подвиткува опашката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Којо Пипиле, гледајќи го Богдана како се нервира и лути на кучето кога ќе му лае и скока преку плотот, му рече: „Земи си и ти едно куче... Не седи сам...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
За да ја отстрани сосем таа неспокојна мисла, почна да вика, да свирка, предизвикувајќи ги на тој начин од далечина своите кучиња, Караман и Стрела, кои останаа крај колибата, да лајат и со тоа барем до превалецот на Гола Глава да не се чувствува сам.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Зад нас Чако прилајува и го завраќа телето, го тера да не заостане.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сега, Чако лае и квичи, небаре да плаче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)