Но, како и тогаш и сега, се лажеш себеси. Јасно ми е како ден.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Те фатиле затоа што си се уплашил. Откако те нагмечиле в затвор почнуваш да се лажеш себеси и да се тешиш слободен сум јас, мили луѓе.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Притоа тврдев дека тешко може да се создаде живот што се разликува од другите и кој ќе се карактеризира како необичен и посебен!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Нели токму јас бев единствениот кој се обидуваше последниве денови да ја увери Загорка Пеперутката дека се лаже себеси кога мисли дека е во состојба да создаде живот што ќе поминува покрај другите без да ги допре.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Некои се лажеа себеси и другите: “Ние сме овде на пропатување, знаете, остануваме во хотелов само денес, а веќе утре,” и покажуваа кон некаде со рацете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Особено силни беа молбите за време на работните часови, кога докторите работеа заедно со нас – ткаеја, или плетеа, или изработуваа дрвени предмети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Добро, не постои потполна вистина, а оној кој тврди дека е поинаку се лаже себеси а се обидува да ги излаже и другите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Времето нѐ посипува секој час со својата прав и тоа е единствената вистина што ја признавам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не велам дека се во право, но не е невозможно да се лажам себеси.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Допушти ми барем оддалеку да ја видам ветената земја, дури и да не ми дозволуваат ѕвездите да зачекорам по неа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)