Пела, стискајќи се во фустанот на бабата Перса, ништо не можеше да разбере од гласовите што се слушаа од секоја уста, ама затоа пак нејзините итри сини очиња ја видоа широката тепсија како плива врз главите на новодојдените полна дури со врв и покриена со некоја бела убава басма што некој , подоцна, ја нарече, свила, и таа тепсија сама од себе како да лебдеше врз главите и откако влезе заедно со тоа купче тела во дневната така набрзо излезе од таму и како да јурна во спалната и кога таа успеа да се провлече низ тие разлетени фустани и машки костуми, ја здогледа во празното врз широкиот кревет и во тој миг од страната на балконот како здрвена стои тетка Деспина, а една друга тетка, тркалезна во лицето со светилки во ситните очиња нешто ѝ зборува и ѝ подава шејови што ги вади од тепсијата и ги реди на нејзината десна рака.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Некои деца се држат за скутот на мајките, други изгледаат некако достоинствено, подготвени да се фатат во костец со она што уште не го разбираат, но кое лебди врз школскиот двор како фантом.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)