Попосле ќе ѝ раскажам што ми се случило.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
По напорната работа кај Селиште, Денко уживаше да се искачи на малата височинка, да легне помешечки на меката трева, да ги стави рацете под брадата, да меле тревка меѓу забите и да гледа кон високата карпеста Орелска Чука на запад.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Втората девојка, нашминкана тинејџерка, е снимена, легната помешешки, во песокот на некоја плажа, несомнено монденска, за што сведочат бело-сините лигештули, чадори за сонце и куполести кабини за пресоблекување во позадина на фотографијата, како и делумно фатениот сламен шанк со свежи коктели од ананас, киви, дињи и друго медитеранско овошје, богато гарнирано во издолжени чинии, елегантни како и вретенестата сенка на мускулестиот келнер во десниот горен агол.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Така и сторив: се измив, се преоблеков, а валканите панталони и маицата ги скрив во купатилото, мама да не се исплаши, кога ќе дојде дома.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Легнав помешечки. Лицето го нурнав во перницата: чиста, бела, мириса на „факс“.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)