Пред легнување се кикотеа и говореа за жени. Лежеше крај нив и молкум го слушаше нивното шепотење.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Има право Нико Кочов“, продолжи да зборува тој, „не можел Никола, убиен на начин на каков што бил убиен, да лежи крај олтарот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Лежеше крај мене и молчеше а јас почувствував дека сум и наеднаш туѓ и не можев да се сетам дека можеби е презаситена.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Стрела лежеше крај огништето сета испокасана, искрвавена. Тихо квичеше и трепереше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ја затече малата Снежанка како лежи крај својата нова мајка, ја погали нежно, при што лицето му се позлати со насмевка, па излезе надвор, затворајќи ја убаво кошарата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Со компирите што му останаа ја нахрани Стрела, која, сѐ уште исплашена и истоштена, лежеше крај огништето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Врз ноздрите на добитокот тромаво паѓаа први мушички.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Левата плешка уште ме болеше од секирата на која лежев крај огнот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Напладне, или малку подоцна, го најдов крокодилот. Лежеше крај една река и сонуваше нешто.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Одевме еден кон друг и се гледавме.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Кравите пасеа, а човекот лежеше крај нив.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И лежам крај неа, вели, целиот глибав, омрлушен и смекнат. Ко перница со плева, вели, ко раскиснат снег. Дури и коските ги сеќавам дека ми се празни и меки, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)