Арсо, со чувство на омраза, но внимателно, ги рони полепнатите пластинки земја од цевката која како сиво подземно животно лежи пред него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Газијарничето лежеше пред него и му ја издолжуваше сенката дури до нашите нозе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Тргни се. Никола Влашки и Пандил Димулев поубаво знаат како ќе му помогнат. Што сме ние?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но Грдан не знаеше ни да игра ни да свири - во играњето никогаш не го погодуваше вистинскиот чекор, па само го газеше својот партнер; а во свирењето не го бидуваше за тапанар, иако тапанот лежеше пред него и требаше само да го допреш со некое од двете стапчиња па да издаде громок звук, ама навреме.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Така разговараа. Потоа уште неколцина дојдоа кај огновите да лежат кај што лежеле пред тоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)