лежи (гл.) - ничкум (прил.)

Лежи ничкум плеснат над земјата. И утопен во крвта негова млада.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Многу го дочекуваат свртени кон исток, кон небото, лежат ничкум или свиткани така, што не фаќаат ниту една страна на светот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сопственикот на немирните раце лежи ничкум, неговата небричена брада втонува во ископаната земја и усните ја допираат нејзината студенина и мирис на нешто гнило му се вовлекува во дробовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)