- Ене ја, се крена, вика некој, летна кон шумата. И ние сите трчаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Душичето - растреперено славејче - миговно посакува да летне кон таа непозната светлина...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Се вратил стрикото Лентеноски, слушате како говорат децата и сите како под команда тојчас ќе летнат кон влезната врата за да го пречекаат.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Едно од врапчињата одово летна кон багремот; беше сето тркалесто со малечка глава и полуотворено клунче.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се собраа токму на време да видат како Ластовицата, одморена и свежа, се одвојува од јарболот и летнува кон север.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И Икар, слушајќи го својот татко Дедал, летнал кон сонцето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
А козите... ќе се спасат само ако летнат кон небото... Тие и без тоа ќе завршат во небото. Немаат друг пат...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мислам дека со текстот премногу летнав кон облаците, чувствувам дека ми треба приземјување.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)