На пример, кога нему ќе му дозволат нешто, а мене не, оти сум била уште мала, и кога јас ќе почнам да негодувам, да се лутам или да плачам, тој задолжително ќе ме доразбесни со зборовите: „Не ти чини тоа, љубомората ќе те уништи!“
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мачорот Ловџија не знаеше дали да се лути или да се смее, но брзо го фати глушецот и слатко си го изеде пред вчудовидениот мачор граѓанин.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Можам да видам дали навистина нешто не е во ред со нашите пенкалца и моливи, затоа што десет години ништо не сум напишала, па можеби ми се лути или се расипале или сѐ ова се случува поради Александар.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)