мине (гл.) - многу (прил.)

Таа е како еден цел град, во неа можат да се минат многу пријатни часови во посматрање на електрониката, на луѓето, на безбројните бистроа, бутики...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не мина многу време и во анот загрме чалгијата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не мина многу и чу ропот од внатрешната страна на портата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еуфоријата мина многу бргу. Седнавме во кујната на Христина која не се разликуваше многу од нашата во Лисиче.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога се врати сличен на живо стебло со испреплетени ветки, го разгоре огнот и го помоли бедниот Герасим од Побожјане, домазет во нашето село, да раскажува за старите времиња: минал многу свет, го знае минатото. И рече дека нема веќе спиење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повторно го одложив пишувањето на вистинското писмо до мојата мајка Не мина многу време, низ сите туниски пишувани и електронски медиуми се разнесе веста дека Југославија го призна Тунис!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Источниот фатализам, колку да беше минало многу време од падот на Отоманската Империја, кога беше во прашање власта, не можеше лесно да се искорени.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не мина многу време и Татко се ожени. Но од книгите на таванчето, не се откажа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не мина многу откако ги примија првите плати, обајцата донесоа по една вреќа полна со брашно, едното пченично, а другото пченкарно, сеќавајќи се на Татковата вреќа брашно, која одамна престана да ја носи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не мина многу време, италијанската војска започна да отстапува пред брзите налети на грчките војници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не минало многу време од големата свадба каква што не се паметеше во градот крај Езерото многу одамна, кога со денови и со ноќи се пееле полифониските песни, се пиело и се играло, макар што земјата била во војна и во пустош, а и границите преку ноќ се менувале, започнал да се гаси животот на дедо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)