Минуваа години од Татковото заминување. Само Мајка знаеше како ја совладуваше самотијата во сите нејзини нијанси, останувајќи постојано свежа, на свои нозе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Полека минуваа годините, а кај Митре за цело време остана да тлее истиот нелагоден филинг.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Сега не можам да речам
дека меѓу мене и денот кога
со татко за првпат берев смрчки
постои јасно растојание
сега кога мирисам на смрчки
повеќе одошто на самата себе
кога минуваат годините во животот
како што нема да поминат во споменот
кога сѐ е на свој начин отсутно
и пладнето, и билјето
и јас и тој
кога сѐ е заградено во мене
и секој настан има своја миризба
своја душа - она
кое не се споредува!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Минуваа години. Татко упорно ги дочитуваше книгите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)