Жената на трговецот минуваше од устата до уста, разголувана и сакана.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тие му го слушале болното завивање и ги гонеле ребрестите ѕевгари, сега дваесет и петмина со еден на носилка од две долги габерови стебла и од черга, сите сенки со душа и со дваесет запреги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Патувавме крај морето минувајќи од Картагина покрај претседателската палата, Ла Марса, Гамарт.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXXI Трагавме со Бешир по означеното место каде што нѐ очекуваше Арафатовото обезбедување за де ме одведат во тајното сокровиште на палестинскиот водач.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се разбрале меѓу себе со таен јазик на срцето, немо, скоро со вештина на ѕверови и со трепет што минувал од еден на друг: да се истрае, да се стори она за кое сите како еден на поаѓање дале клетва пред Успението Богородично на живописецот Михаило.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)