мисли (гл.) - тука (прил.)

Проклет да бидам, тоа најмногу ми го матеше умот, сѐ си мислев тука нешто големо, нешто неочекувано, некоја слатка тајна се крие.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вие си играте култура. Мислите тука има најмалку обврски, удри, мавај, село без кучиња.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Мислиш тука, во гушата, му е срцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)