може (гл.) - никој (зам.)

Ако не ти ја сврши тој работата со сликата, не може никој друг.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Моето кревко тело нема смисла за убав подвиг, но ти лесно според потта на мојата болна кошула, како според Книга на болниот, ќе ги протолкуваш сите соништа и ќе ја покажуваш кошулата како поука на сите кои копнеат заедно со Тебе да стигнат таму каде што не може никој освен тебе.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Затоа „Келнише васер“ е знаменитост не само по специфичната миризма, која денес не може никој да ја произведе, туку и по бројката „4771“, која има своја историја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Навечер, кога заоѓаше сонцето зад ѓерданот од мостови на Сена, Климент Камилски се враќаше среќен во хотелот, како победник над заминатиот ден чија смисла не можеше никој друг да ја разбере, освен него...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Смислата на победите или поразите во нивните битки со зборовите ветерници не можеше никој да ја разбере, а често и тие самите не ја разбираа, но ги крепеше надежта дека следи секогаш другиот ден, новиот збор извлечен од темнината на минатото во светлината на новиот ден...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа одвишок коса, веднаш ја фрлам во оган да изгори, да не може никој да дојде до неа!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И да сака, не ќе може да ме спречи, како што и неа на времето не можеше никој да ја спречи...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На веселана девојка со очи натопени во грев, на безгрижната група спортисти со торби преку рамо, на мајсторон на врв електричен столб, не може никој да им закачи бројка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Според тоа, исчезнувањето на лица од овие надворешни граѓани, не можел никој да го забележи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А Локвата денес со бранови крилни, што стопани свои ве најпосле виде, та не може никој да ве скорне, силни, за вашата смелост скап спомен ќе биде!
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Беличот му даваше знаци на Мечета да остане мирен. – Мене – продолжи да грми чудовиштето – не може никој да ме уништи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не можев да го замислам животот без него, а и не можев никој друг на негово место да замислам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сите мои другарки имаа понекоја симпатија, сите зборуваа за нив и тоа беше и сè уште е наша најважна тема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како можам да ја изумам неговата слика на сликата, си велам, па кога сум рикнала да плачам, да не може никој да ме заплати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Месото ќе го печете в дол за да не може никој да го види огнот, сепак придушено се огласил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но исто толку се плашел и од онаа тишина што го чекала по заспивањето на другите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога го видов веќе не можеше никој да ме лаже.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И ја зедов главата во мојот скут, толку се растажив што не можеше никој да ме утеши.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имавме едно магаре, се викаше Рампо, беше многу силно, него не можеше никој да го заповеда.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не можеше никој да си има своја тајна, најмалечка тајна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)