Тешко да не беа толку немилосрдни во осудата на Благуна, тешки да покажеа малку повеќе разум, трпеливост и љубов за ближниот па може мајка ѝ немаше да ја испратат да му се моли на Пенезиќ, па тој, лисецот, во безизлезната ситуација, да искористи да ја наведе да појде со него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Чарето тоа е. Да се ваќа орманот: Кравица, Добро Поле, Соколот; ако може мајката планина да не зас'не — им советува Толе и ги изведе еден ден на врвот на Соколот, на границата меѓу Мариово и Меглен, та ако дојде зорт, да можат да се преметнат некако во Пајак.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Иако го прочитав нејзиното име и презиме на штичката, на која покажа татко ми, не можев мајка ми, нашата жива, секогаш насмеана добра мајка да ја поврзам со ова купче натрупана земја и со оваа грубо изделкана и испишана со црна боја штичка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
А можев мајка да ѝ бидам.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Но, што може мајка, против омиленото чедо.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Не може јунак да трае, ропство му тежи над глава, ни може мајка да гледа се в тија солзи крвави.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
И вие да сте на мое место - така ќе постапевте: не можам мајка ми да ја оставам сама да ја носат в логор.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Единствено оттаму можела мајка ми да помине за да го продолжи патот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Како можеше мајката Клементина, од далеку, да ја советува својата Ервехе?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)