Кога ја прашале Загорка откако ја облекоа во гипс зошто излегла низ прозорецот кога можела истото тоа да го стори користејќи ја вратата таа објаснила дека згрешила во пресметките.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Човекот во престилката, Диовецот, нè одведе до најубавата маса, макар што сите беа слободни, од која се гледаше и шанкот со скарата и влезот со прозорците - па можеше истиот час да порачаш нешто од шанкот и да го прескокнеш прозорецот за да не платиш.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)