може (гл.) - веднаш (прил.)

Не можеше веднаш да се соземе од сознанието дека син му толку се забраздува во кариерата, наспроти вообичаениот бавен ритам, толку важен за опстојувањето на семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А до нив не можеше веднаш да се дојде.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Одговор немаше, но ниту можеше веднаш да се очекува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Поначесто ни свиреше, ни даваше дури и ние да се обидеме, па малку од него научивме - си потпевнувавме и свиревме - онака детски.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не можеш веднаш да станеш капитен на екипата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мама пред нив беше фер.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа радосно крева раце, ни мавта, се смее.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И еве, сега, кога можев веднаш да се запишам во мандолинскиот оркестар, си ја покажав глупоста: се занимавам со некакви афери со сликички - животинско царство и со некакви лексикони.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Претпоставувам дека наставникот ѝ рекол дека ја бива, дека е талентирана...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А можеше веднаш да ни ја открие лагата, да ме скара, да ме посрамоти пред другарите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По таа причина огнот во одајчето не можеше веднаш да се појави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе нѐ испечат, ако не нѐ испекоа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но зафатена со „сојузничката војна“ (357-355 г.пне.), поради напуштањето на Атинскиот поморски сојуз на Хиос, Родос, Кос и Византиом, Атина не можела веднаш да му се спротивстави на Филип II.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Мајка не можела веднаш да разбере за што се работи, но, потоа, Татко бил јасен во кажувањата дека неговото откривање на сиџилите ќе им пречи на преамбициозните, на жедните за брза кариера кои, со партиските крилја, ќе сакаат да летаат превисоко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во Татковиот благ израз на лицето, Мајка можеше веднаш да ја прочита пораката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А тоа подготвен значеше да донесе повеќе дрва во колибата, да го чува огнот разгорен, да има секогаш топла вода во котлето, за да може веднаш да се свари качамак или компири, тоа подготвен значеше доведување во ред на сè што беше расфрлано, сè што на секој начин беше надвор од вообичаениот ред и поредок во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Совет: исто како и со ЛСД, паметно би било да имате друштво покрај себе, во случај на проблеми да можат веднаш да реагираат, ако е потребно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Канџите, што беа цврсто закопани во палтото, јастребот не можеше веднаш да го ослободи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ептен бев во небрано, јас и матев нешто околу јазикот, мене тоа ми беше професија, ама оваа директна атака врз мене, врз мојата концепција за животот, би рекол, не можев веднаш да ја сварам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само си мислам дека би можела веднаш да заминам за Будимпешта, кога навистина би сакала.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Подоцна Лага. Го сонував Род, или го створив од која било веќе на сон употребена слика, што ми се најде при рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Им се отворија сите преѓешни апетити и да можеа веднаш да летнат, од височината и да паднат врз стадото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таму можеше веднаш да се забележи дека верската поделеност, меѓу рисјаните и муслиманите, беше поизразита, незаплисната од брановите на лаицизацијата на која Мајка беше навикната.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На неа имаше многу долг чаршав, па не можеа веднаш да го видат.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Нешто што можеме веднаш да го повториме, доколку твојот сопруг се заборави на работа. 2000.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Дека езерата се загадени може веднаш да се види, со голо око: водата е темна, матна, полна со најразличен отпад - особено пластика.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога се освестив не можев веднаш да сфатам што се случило.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа со внимание слушаше вести на телевизија за некакви штрајкови на работниците и не можев веднаш да ѝ раскажам за алигаторот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не ќе може веднаш да се пушти вода, да знаеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
П. Шатев бил силно вознемирен кога забележал како бродот полека се оддалечува од пристаништето, а тој поради спомнатите околности, не можел веднаш да го запали фитилот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Џиновски беше тој страв и ужасно темна беше таа ноќ околу нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од оние на кои не им го знаеш името, ама знаеш дека, ако ја отворат устата, можат веднаш да те проголтаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)