И така, со најубави желби и полна готовност да му помогне, старецот го испрати својот долгогодишен слуга, а Петко го напушти овој свој дом не без тага на душата и болно чувство што ќе се оддели од својот питачки стап, но сепак задоволен од тоа, дека ќе може подоцна, како поп да му отслужи и литургија на неговиот свети Илија, како што му собираше осумнаесет години разни подароци од селата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Винстон, меѓутоа, во препишувањето ја спушти прогнозата на 57 милиони, за да може подоцна да се оправда вообичаеното тврдење дека планираната квота била натфрлена.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но, како што можев подоцна да сфатам не поради нашата игра туку поради мислата што ја мислеше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Пофаќајќи овде-онде по хартиите за да направам некој ред и за да можам подоцна, по чакарењето низ прозорците, по здогледувањето повремено на по некој што поминува, што ја поткрева главата кон мојата соба и, молчејќи, без ни да се накашла, заминува, пофаќајќи, значи, по хартиите, го најдов оној плик со писмото на брат ми од Мелбурн и зедов да го препрочитувам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но, доколку тоа било "неможно, тие подготвено би прифатиле автономна Македонија и на таков начин би било олеснато формирањето на една Балканска Антанта, која би можела да ги избрише основните причини за несогласувањата и интригите меѓу балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но во случај Македонија да биде поделена меѓу неколку држави, вклучувајќи ја и ГРЦИЈА, тогаш бугарските комунисти повеќе би сакале да ја видат Македонија како автономна држава, со надеж дека таа ќе може, како и во случајот со Источна Румелија во 1885 г., уште еднаш да биде бугарска или дека таа би можела подоцна да биде поделена меѓу ТИТОВА Југославија и Бугарија, под влијание на Москва", додека бугарските "умерени земјоделци и либерали и социјалисти пред сè би сакале Македонија да биде бугарска".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Всушност само ѝ помагав за да може подоцна да рече дека и самата учествувала во потребните подготовки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со крик се тргнал. Пцуел ли, се обидел ли да ја искити со погрдни зборови?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не знаел, не можел подоцна да се сети.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не можеше подоцна да оди на закопот на својот татко, на својата мајка, на многу други блиски, блиски роднини.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)