Винстон не можеше точно да се сети на некое време во кое неговата земја не беше во војна, но беше очигледно дека постоел прилично долг период на мир за време на неговото детство, зашто едно од неговите рани сеќавања се однесуваше на еден воздушен напад што, изгледа, сите ги изненади.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По малку тој замислено рече: Кога те слушам, почитуван пријателе, ми се наложува мислата дека балканските народи, во чии јазици се вкорениле ориентализмите кои тешко може да се откорнат можеби се во суштина многу поблиски до османската цивилизација и нејзиното време отколку што би сакале да бидат!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко не можеше точно да го утврди конечниот став на Камилски, час бранеше една, час друга позиција!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Маргру не можеше точно да се сети од кого и кога го добила, единствено дека ѝ е одамна.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
„Зар можело точно рускиот претставник во Софија да не знае за тоа?“ - се прашувале во Германското министерство за надворешни работи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Да, можам точно да објаснам: се однесуваше како ние учениците на здодевен час, кога наставничката предава, надвор е пролет, убав сончев ден, се слушаат весели детски гласови во дворот, а нам не ни е умот на часот, туку некаде надвор, во игрите, па наставничката, откако ќе го забележи тоа, ќе рече: „Ама, не сте тука, а?“
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Иако не може точно да каже како тоа му успева, сепак тој ретко греши.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Херман тврди дека може интуитивно да одреди кој на што е.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Однадвор салата му изгледаше сосема обично, но кога излезе на сцената непријатно се изненади: наместо најавената жири комисија спроти него стоеја неколку водачи на африканско племе што не можеше точно да го препознае.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Не би можел точно да кажам какви се нивните политички согледувања, иако \енова, каде настапував, е град-заедница.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Нејзината широчина и должина не можеше точно да се одреди, но изгледаше многу широка со зеленикави шари.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Дали тоа Чанга оваа гротескна смеа им ја упатуваше на своите измамени гонители, на сето сталинско време, или го поздравуваше токму него, својот пријател, татко ми не можеше точно да се определи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не можев точно да проникнам во оваа противречност, чиј сведок бев, сега, низ телото и душата на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)