молчи (гл.) - загледа (гл.)

Доктор Коста го гмечеше со палецот своето луле, молчеше загледан во темните сонливи буки, неми, скротени од тивката августовска ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко и мајка - ни збор ни приговор, ни залак леб, ни голтка вода - саде молчат загледани накај вратата. Две души каменосани.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Молчиме загледани во вратата и прозорците.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој молчеше загледан во желките и жабите што лазеа бегајќи подалеку од казанот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На фотографијата обајцата молчиме загледани еден во друг и скаменети веќе сами во себеси преповторуваме: Верно, животот, можеби, не беше добар но беше убав...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)