молчи (гл.) - неколку (прил.)

Можеби тоа ме охрабри да продолжам да објаснувам дека поединецот, па и во случаевите кога е преставник на високите органи за заштита на државата, има моменти кога едноставно не сака а можеби и не е во ситуација себеси да се смета само за механички дел од целината која мора да настапува само тимски за да ги оствари заедничките интереси.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гледајќи ме така молчеше неколку секунди и небаре не го чул прашањето, го сврте погледот и продолжи да свири. * Запис пронајден во скршена гитара
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А.А. молчеше неколку мига. Не сакаше повеќе да ме предизвикува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Молчев неколку моменти. Молчеше и мојот иследник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)