За таа избегана и поробена, во смрт терана иднина на земјата старците-појци од своите расни позиции заедно со „опозицијата” молчат или ги нарекуваат (избеганите и поробените), тогаш кога ќе се удостојат да се сетат на нив, „дефетисти” и „мртво море”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Трај во себе ја имаше наредбодавачката и форма на зборот молчи или тишина а во исто време значи рајска тишина, рај во кој тишината е првото потребно нешто, за да се почуствуваат сите благодети што тој ги носи.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Копнееше своите соништа да бидат прочистени од уништувачки оган, му беше допуштено сè, но тој не допушти ништо да завладее со него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Си избра трогателна постела и си легна со зборот и сега никој не знае дали молчи или - сонува. Не е тој тука, замина. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во она множество луѓе разумни што молчат или што зборуваат претпазливо за никакви рабоќе, пијаниците се истакнуваа, пијаниците се самоутврдуваа, пееја, крескаа, мавтаа со раце и се размислуваа за животот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се нишавме двајцата во самарот, стиснати еден во друг, врели од возбуда која не смеевме да ја покажеме, та молчевме или само повремено ќе изговоревме по некој збор, за да ја свртиме трагата од возбудата за која бевме свесни и за која знаевме дека е забранета.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)