Така социологот Божидар Јакшиќ прави разлика помеѓу мултикултуралноста како коегзистенција на повеќе култури коишто не мораат нужно да доаѓаат во допир, и интеркултуралноста како состојба во којашто различните култури мораат меѓусебно да се толерираат.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
„Знаењето на рабинот - често си мислеше Елеазар бен Цви - како впрочем и верата, не мораат нужно да исходуваат од личното искуство.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)