Или пак, ако мораа и да заноќат, тогаш тука во неговата близина, сега ќе постоеше некој друг, кому би можел да му речеш нешто секој миг; кому, ако ништо друго, би можел барем да му помогнеш, а тој, ако не со збор, тогаш барем со некое движење, со некое одмавнување, би можел да ти одговори, или барем да ти даде знак дека те чул.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега ги немам пред очиве и навистина не морам и во овие свои денови тука да продолжам да се гризам заради нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Навистина, би било незгодно од тебе кога би продолжил да ја влечеш и понатаму оваа своја рана, така, за да морам и утре да ти идам. Незгодно, не, не незгодно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Секако, - рече. - И без било кој да советува, еднаш ќе мора и таа работа да се заврши.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Таа мораше и него да го внесе во сопствената судбина веќе разоткриена пред мајката Перса и сигурно сега е вистинскиот миг додека уште престојува во нејзината глава.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А Венеција и понатаму нека потонува
приспивно.
Некој мора и да исчезнува
бавно.
***
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И дали да ги фрлаш едно врз друго кога на крајот ќе дознаеш дека мораш и тоа да го чиниш.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
А мораш и огнот да го чуваш, да го криеш во некоја гламна, запретана во пузата, во пепелта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А добитокот си е добиток: мораш и за него да мислиш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)