Професорот Илија ме учеше да се смејам, да се шегувам и гордо да гледам околу себе, дури и тогаш кога ми се плачеше, кога бев гладен, кога мрзнев во незатоплените училници...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Раздиплува и здиплува и врз диплите ги гледа девојките кои не стигнаа да ги облечат фустаните и да станат невести, туку останаа под чуките, под буките, во реките матно надојдени, сакати по болниците и мрзнат во долгите маршеви, во рововите и во земјанките и на стража...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нивните гласови ги мрзнат во ушите, како најдолг и најструден мрзулец, кој ти достасува до душата и срцето и кој ти ја остинува и крвта и снагата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во некое списание, наменето за ловџии, или во весник било, пишувало дека порано, пред што младинските работни бригади ги исушиле мртвиците и блатата, во Пелагонија, во Ларинско, Битолско и Прилепско Поле, а тоа значи и во Потковицата, живееле над 400 видови птици, но дека сега биле сосема изретчени па се предлагало, или сами властите предложиле, да се направи некако да се обноват мртвиците и блатата за да се вратат птиците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)