Јадар и плеќест, неговата тркалезна глава беше обрастена со бујно навиткана коса која му се мешаше со исто така бујната брада. Усните му беа набабрени и напукнати.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Рацете ми се набабрија и не можев да ја издржам болката, па си ги пикнав во слојот мраз што се има налепено на горниот дел од фрижидерот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Имаше впечаток како сѐ околу него да набабрело и прокапало, дури сега можеше да ги види и да им се радува на покапаните капавици од својата стреа, што се цедеа во густи шурки и ја длабеа белината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)