Ја пушти раката кон едно цветно гранче што допираше до прозорецот; го скрши; пред да го помириса, забележа пчела нурната во цветот; го остави гранчето на прозорецот и почна да ја набљудува пчелата; ја гледаше колку е занесена во цветот што не узна дека гранчето е оделено од дрвото и дека се наоѓа во неговите раце; дури и кога со сламката ја помрдна малку, таа не одлета; цветот ѝ беше како рудник во кој длабеше: кога го собра сиот сок, кога го испразни, излета и зафати да врти низ лабораторијата, да зуи оддавајќи немир, паника.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)