Иако Зонтаг навистина повикувала на опис и на анализа на формата, таа претпочитала да го обрати тој критички протокол и да ја нагласи потребата „подробно да се испитува формалната функција на предметното прашање“388 Но нејзината приврзаност кон формата и кон стилот требало да ја натера да ја види нужноста на еден поинаков потфат, на една херменевтика на стилот – херменевтика на „површините“ што не би била сомничава, туку описна – и да ја согледа можната важност на едно испитување на содржината на формата што би ја нагласило тематиката, односно настраната противтематика, на самиот стил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, пренебрегнала, или отфрлила, нешто што не е идентично ниту со содржината ниту со стилот, нешто што не е ниту длабоко значење ниту површна убавина – а затоа не е ни мажествено ни женствено – имено, стилот како своја сопствена тематика или противтематика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во најдобар случај, токму тоа е она што успеала да го постигне Зонтаг, иако склона да го помати.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа ја заговарала „чистата, непреводлива, сетилна непосредност“ на уметноста и на нашето искуство.387
Создавајќи таква реска спротивност меѓу херменевтиката на длабочините и еротиката на површините, меѓутоа, Зонтаг не видела што е тоа во површините што им ја прави толку привлечна сетилната непосредност: нивното овоплотено значење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)