Па крупни планови на: замавнати копачи, полни лопати, претоварени колички, трупци со држалки за набивање на замјата, сврдли на дупчалки што ги дробат карпите и камењата, дигалки што заграбуваат од почвата како коњштипи, камиони со подвижни вагони што го истресуваат товарот како од превртен џеб и раководителот на градбата, како во џипот на филмската екипа, не седнат ами стоејќ и, со минерски шлем место со својот качкет од јагнешка кожа, ги надгледува работите под негова команда.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На едно псуење од Муарема, кога Адем го испрати да ја надгледува работата во лозјето, Толе го грабна за врат и го налегна во трнките од оградата, та му удри две три клоци во ребрата со не помалку псовки од неговите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)