Но тоа многу ја надминува мојата амбиција и би зафатило многу, многу томови.160 Тешко ќе биде и многу пипаво да се идентификуваат само некои од генеричките или прагматичните елементи што на машката геј-сексуалност ѝ ја даваат нејзината специфичност, што ја определуваат нејзината различност и што ја разграничуваат од главнотековната, хетеросексуална култура.
Еден очигледен заклучок што може да се изведе од ова ограничување е дека машката геј-култура што ќе ја опишувам е култура на мажи Белци од средниот сталеж.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)