Ој ти земјо пуста да си од тебе сме пак во тебе ние сите ќе влеземе да ни јадеш бели меса да ни пиеш црни очи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стресувајќи се за миг заради она што се случило и она што можело да се случи, Онисифор Проказник го видел пред себе другиот Онисифор, изменет, со крваво чело, помал отколку што можел да се намали од студот. И самиот се намалувал од својот јад.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
— Ти си знаеш, вели стрико Васил и ми ја зема торбата, ми намалува од тежината.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)