- Одамна не сме разговарале, сум пораснала можеби, сум станала попаметна – му намигнав ѓаволесто. – А таа што ти се допаѓа, доаѓа со тебе во Охрид? – продолжив, плашејќи се да не скршне разговорот на друга страна, а толку многу ми беше интересен.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)