Како што велеше баба му, имаше уште црвци во газот, па не можеше да се скроти на расклопено столче и со платното на штафелајот, седнат пред него како млада невеста што гувее (или пак тој ќе гувее пред празното небаре невестинско платно?), да нанесува умерени бои, одбирајќи од палетата со соодветната четка и внимавајќи да не капне не на морски туку на селски под.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)