Ги помина сите, но не најде ни една што би го заинтересирала, но сепак му направи впечаток последната книга во картонската кутија што отскокнуваше со големиот формат и беше необично дебела.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Веднаш на авторот му направија впечаток неговите оврлени костенлови-сиви очи, разиграни, како да беше со двојно поголем видокруг, со издолжено лице што кон брадата му се стеснуваше како на лисица и, очигледно, височок.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Она што ми направи впечаток уште тогаш, на самиот почеток на изградбата, беше тоа што никаде не постоеше фотографија или филмска снимка од населбата Долнец онаква каква што беше пред потопувањето од езерото.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Соодветното место (Logik, vol. i, 54) почнува со ставовите: The essential relativity of all knowledge, thought or consciousness cannot but show itself in language. If everything that we can know is viewed as a transition from something else, every experiences must have two sides, and either every name must have a double meaning, or else for every meaning there must be two names.1* Издвојувам некоку случаи од “Додаток-от со примери на египетски, индогермански и арапски спротиставени значења”, кои, исто така можат да ни направат впечаток нам нелингвистите: во латинскиот altus значи високо и длабоко, sacer - свето и проколнато, при што, значи, овде постои потполно спротиставување на смислата без каква било модификација на гласовниот облик.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Му направи впечаток, иако одеше полека и наметливо дека тие воопшто не го забележаа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Она со што овој старец, Најдо, му направи впечаток, беше неговото богато изразување со постојана употреба на изворниот јазичен идиом на еден зачудувачки убав начин.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)