Стана од креветот и извади едно ребро од радијаторот. Од него направи жена.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Среќата ја имаше направено жена ми уште поубава.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Холандината методолошка приврзаност кон историската контекстуализација и деконструкција како орудие кое ќе ни помогне да ги лоцираме машките предрасуди во текстот и кое ќе помогне да ги откриеме или повторно промислиме хиерархиските отпори и исклучувања коишто ги направија жените невидливи, го условува нејзиното потпирање врз континенталната философија како пат кој води надвор од машката философија.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)