Тоа беше деведесеттиот роденден на баба ни и шеесеттиот роденден на чичко ни Трајко.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ги пуштија жените, децата и по некој старец што имаше, а исто врзаните млади мажи ги вратија во тврдината да направат избор кого да му го испратат на кадијата во Прилеп за да се исполни царската заповед.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Прелистувајќи го албумот со фотографии на мајка ни, трудејќи се да направам избор за илустрација на оваа книга во еден момент се збунив.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Можеби оттука и оној занес, мислам дека го соопштив во едно поодамнешно интерју, дека подолго време назрејува во мене идејата да направам избор на приказни за деца и да го печатам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И сфаќаш дека секогаш кога ти се нудат можности „боли глава“ не знаеш да си направиш избор, а да биде правилен, тој изборот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Да се направи избор на текстови од феминистичка философија е неблагодарна работа, посебно кога си припадник на „луѓето со незначително поголеми мускули“, сега веќе толку извикани од „луѓето со незначително помали мускули“, барем кога се работи за две и пол илјади годишното машко господарење со филозофијата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)