направи (гл.) - нешто (имн.)

Дали не направи нешто што не чини: дали проговори нешто што не требаше?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зошто сум овде? Од ништо да направам нешто, а не од нештото ништо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сум направила нешто нечесно. Господ ќе ми прости.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За првпат по неколку години, таа сети како од окото ѝ се одделува солза.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Црн како катран, тој ја погледна со речиси човечки поглед, тропна уште еднаш со клунот по стаклото и одлета пред таа да може да направи нешто.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сепак, тој измислил, направил нешто што можеби ќе ја згрижи неговата чувствителна природа, ќе го победи стравот од непознатото, ќе му ја ублажи болката од неможноста да се сообрази со драмскиот агон.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не умееш да направиш нешто, а го урнуваш она што другите го создале.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секогаш кога човек со срце, со хи-фи, ќе направи нешто, ќе се заебе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Изнервиран.) Остави го, ти се молам, пиштолот. Ти така несмасно ракуваш со него, што би можело и несакано да направиш нешто.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)