Остана неговата тајна како успеваше да остави впечаток дека тој ден нема да направи ништо. А сепак правеше. И тоа редовно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Зашто, ако не сум направила ништо за себе во последните 3 децении, во една ноќ сум влегла во десеттина кафеани, од која едната специјално ми ја отворија само за да влезам во тоалет, па пиев и вино место чај (а, тоа не сум го направила никогаш!), шетав во парк по дожд, разговарав скокајќи од тема на тема за да стигнам да раскажам сè, се срамев, не се срамев, сакав да заспијам, не сакав да заспијам и, во едно деноноќие, ги доживеав двата изгрева...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Исто така, добро ја анализираше Деветтата Бетовенова симфонија, составуваше правни документи, наизуст го знаеше бројот на законот за кој се зборуваше...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)