Суљо пак направи темане и испушти едно придушено: – Разбрав, кади ефенди! – Е, ајде сега.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ибн Пајко направи темане со почит:
„Да ти се многу години, вели пашо!“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Вратата се разгрна полека, но наместо да се појави остар јатаган, се појави една сејменска глава; се опули во собраниот куп и се насмеа. – Се собрале како пилиња под квачка – проговори и ја отвори едната пола на вратата. Му се поклони длабоко на тој што беше зад него. Му направи темане: – Бујрум, кади баба. Тука се како лисичиња.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
По се изгледа добро живеат и нема зашто да му се поплачат на кадијата, кој често седеше со нив на кафе и ги пиеше порачаните од нив кафиња. Co влегувањето и двајцата направија темане, а кадијата стана и ги покани на еден од миндерлаците, а сам седна на својот стол и почна разговор. – Знаете ли што ве повикав, аџи? – Да чуеме, кади баба – одговорија во еден глас двајцата. – Да чуете, да чуете.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)