Ѝ скрои ракав, ѝ насука конци, ѝ купи нови игли, и стрико ѝ Трајко ѝ направи убава шарена кончарка, и ѝ рече да везе нишка по нишка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За петнаесетина минути направи убава, широка пртинка до плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Досега тој и жена му го користеа за перење и готвење; од него направија убав сад.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Направив убаво огниште: со синџир, со полица, со чингели, со тланик, дигнав висок оџак и утринум гледав со чадот нагоре како шетаат и моето тело и моето дивно име: ниско под земјата – високо над ѕвездите.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Го однесов петелот дома, му направив убава кошара, му оградив дворче во кое ќе може да шета и прета, го наранив со пченка, го напоив и го оставив да си го живее животот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Куќа направил убава, убаво живеат сега, одлично.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)