Но кога Трајко му рече дека е испратен од селаните, а кога подвлече со особен тон дека носи и пари за тоа, владиката го промени тонот на својот разговор и му вети дека ќе им ја исполни желбата на селаните, толку повеќе што го познава човекот и лично, та сака и нему да му направи добро, верувајќи дека со тоа ѝ прави добро на црквата, на верата и народот, бидејќи Петко беше сигурен во секој однос.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Секој збор кажан на мене, или на Ели, или на тато од Вера беше топол, човечки, изразуваше некаква грижа, желба да се излезе во пресрет, да се помогне, да се направи добро.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тоа ли? Не бев сигурна. А Борко, дали тој направил добро со езерото? Се зачудив.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)