напушти (гл.) - таков (зам.)

Иако цивилизираниот човек ги напуштил таквите верувања, некои впечатоци се во состојба повторно да ги оживеат и наизглед дури и да ги потврдат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Забораваш дека доброволно го напуштивме таквиот свет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Големо е страдањето на слободољубивите луѓе на оваа планета, и огромна е сега потребата што нѐ гони да создадеме нови системи на владеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако го напушивме зошто да ги користиме неговите методи, другар?”, му велам на двојникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Историјата на белиот, лажлив, менопаузен маж што сега ја води планетава, е историја на повторувано насилство врз хармоничните закони на природата, кои имаат за цел воспоставување на тиранија на материјалистите возрасни над нежните, мирољубивите, младите, обоените.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, кога огромна низа на злоупотреби и узурпации, кои сите без разлика водат кон истите деструктивни цели, ќе ја нагризат ткаенината на органскиот живот и спокојната хармонија на планетата, во ред е, органска должност е да се напуштат таквите морбидни собири и да се развијат нови посакувани социјални структури.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)