Во мојот живот ја наследив и јас близината на локалните раководители на јужната Народна Република Македонија, потоа на другите владетели како Тито, па подоцна во моите дипломатски години покрај Бургиба и Јасер Арафат, Франсоа Митеран, Марио Суареш, Хуан Карлос Втори II, во чија близина ќе се најдам од 1984 до 2000-та.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше сигурно дека бев наследил дел од татковата тишина која подоцна ја откривав меѓу редовите на неговите дамна читани книги, во дамките разлеана пепел од тутунот на занесните читања како негово живо присуство, многу години по неговото исчезнување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да бев наследил дел од балканската историја со која Татко не можеше да излезе на крај и ми ја оставаше на разрешување, во мојата младост, сѐ до доцните години на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)