Се насмеавме за сметка на тој европски, особено балкански обичај и така дознав дека д-р Астерид е дојден од Романија, како потомок на преживеани Евреи, дека по падот на режимот на Чаушеску допатувал и докторирал историја во Америка и дека го добил престижното место во Музејот, уште одамна решен дефинитивно да заживее на новиот континент.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Еј, брате, слаботија си ти. И буткајќи ја смрзнатата тупаница во големата уста, го задуши плачењето, во страв овој човек овде и мртов да не му се насмее за неисполнетата клетва.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)