Му редеше секакви билки и тревки на раните: и варен слануток, и семе од лен, жилавец, копрец, чочорка, богоројчина трева, печен белток од јајце, мевлен од восок и темјан, и настојуваше што побргу да му ги оздрави раните.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Спроводниците од началството настојуваа што побргу колоната да тргне; жените одеа по колоната, заграбуваа вода од езерото и стркаа по нив за живо-здраво враќање дома, зашто знаеја: по секоја војна, во селото црни шамии се носеа и се раѓаа посмртчиња.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)