Дури и на најгрижливата мајка ќе ѝ биде тешко никогаш да не ѝ се испушти пред настраниот син барем ронка разочараност од него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ја објаснува двојноста на геј-свеста, ја објаснува таа хиперсензитивност за вештачката природа на семиотичките системи – хиперсензитивност што толку видливо се изразува во кампот и која ја создава онаа особена артилерија од херменевтички техники што геј-мажите ги еволуирале за да ја разобличуваат лукавштината на општественото значење и за да ги извртуваат нејзините кодови и означители на иронични, софистицирани, пркосни, суштински театрални начини. 475 И затоа е благотворна за создавање на геј-културните облици и стилови со кои се запознавме.
Сѐ додека настрани деца се раѓаат во хетеросексуални семејства и во општество што е нормативно, поимски хетеросексуално и сѐ додека се и понатаму отуѓени од хетеронормативните општествени облици, ќе мораат самите да си осмислуваат сопствен нестандарден однос кон хетеросексуалната култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Обликувањето на машкиот геј-субјективитет во едно изворишно искуство на неавтентичност на многумина геј-мажи им дефинира што е тоа да се биде геј.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нам општествените премрежиња на самото наше постоење ни налагаат да играме улога што подразбира лажирање на сопствениот субјективитет.
Тие општествени услови имаат голема објаснителна моќ за појавите што ги проучувавме тука.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нас на субјективитет нѐ тера барањето да бидеме неавтентични.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можноста дека мајка ти може да се сврти против тебе, да те отфрли, несомнено останува несвенливо кошмарно сценарио во умовите на многу настрани деца, извор на паника што никогаш не пресушува, што честопати се влошува поради избувливоста на емоционалните односи помеѓу геј-момчињата и нивните мајки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Стрејт-културата секогаш ќе ни биде првата култура, а она што ќе го правиме со неа секогаш ќе воспоставува некој образец за понатамошните, настрани односи кон стандардните културни облици.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)