научи (гл.) - од (предл.)

Одвај пркната и заодена, секогаш се врткаше околу мајка Фимка и од неа научи од вечера да зафати леб - во земнено черепче подновуваше квасец, а утредента, во рано утро замесуваше во ношвите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Човек не можеше да научи повеќе историја од архитектурата, отколку што можеше да научи од книгите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да им кажеме како што сме научиле од Светото писмо, и дека сѐ по ред и сѐ иде од Бога, а не од друг некој.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Јасминот, научи од дубровчанецот, е симбол на љубовно пијанство, копнеж, но и напуштање.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Меѓу нив има и такви кои од страв да не се вратат на боиштата, научиле од болните да се преправаат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајка ми прекорно и налутено го погледна татко ми: - Ете ти ги твоите зборови, - му се вдаде. - Дури и Бреза ги научила од тебе!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Ај со среќа, здравје, вечни, целокупни бериќетни“ - благословуваше баба Мирјана - „така научив од свекрва ми, па овие убави благосилки и вам ви ги кажувам да ги запаметите и да ги пренесете на вашите деца и внуци.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Доста научиле од претходните европски империи, но не ги запоставиле искуствата од своите азиско-персиски предци.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во селото се правеа многу свадби и ме викаа да помагам, одев и кај роднини и кај јабанџии да им помагам, зашто многу убаво го месев лебот, посебно убаво месев мајалник – наутлија, тоа го научив од стрина ми Риска.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)