научи (гл.) - напамет (прил.)

За неполни два три месеци ги научи напамет молитвите и, на големо чудо од отец Арсенија, почна и сам да ги мрмори во параклисот кога се крстеше и длабоко правеше по четириесет метании наутро и навечер без да се почине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Што сакате?“ ја завлече едната ракаво раскопчаната блуза, но пред тоа одговори, брзо уште пред да го чуе прашањето како за некого да научил напамет еден невешт изговор: „Војската ја напуштија активните офицери.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој слушал неколку години црквена служба во манастирот и покрај молитвтите што ги беше научил напамет му остана како зборче она „паки, паки“ што го повторуваат поповите толкупати во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа Стале не пропушташе утрена ни вечерна служба да не ги посети параклисот, каде што отец Арсенија секое утро и секоја вечер читаше напамет едни и иста молитви: „Помилуј мја, боже“, „Богородице дјево“, „Единородни сине“ и други што беше ги научил напамет, оти и тој не беше пиомен како што не беше писмен и Стале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
КЛАУС: Вие сте поет. Толку импресивно-звучеше тоа што ми го издекламиравте што за момент помислив дека однапред сте го научиле напамет. (Гледа на часовникот.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)