Со две плати, ќе биде подруго. Барем ќе си ги нахраниме децата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Имамот чувал во подрумот разни прехранбени производи, како што велел, за црни дни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во семејството на еден скржав имам неговата домаќинка била принудена да меле пченка, кочан и кора од дрвје за да си ги нахрани децата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во тој свет на маалото имаше населено, пред војната и по војната, луѓе од сите страни на Балканот, но и надвор од него: Македонци, Албанци, меѓу нив муслимани, католици и православни, познати како Шкрети, Турци, Срби, Ерменци, Грци, Бугари, Власи, Хрвати, Босанци, Роми, дури по некое руско семејство и други, сите поврзани со заедничката грижа на опстанокот на семејствата, како да ги нахранат децата во гладните времиња, принудени во едно време да чуваат кози, да се здружат со козите на козарите, повикани од режимот од планинските села, да станат работничка класа, но набргу козите од други причини им беа одземени од козарите и ликвидирани, а козарите не станаа никогаш работничка класа каква што ја замислуваа архитектите на новото комунистичко општество.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Гледаше џиновски пеперуги, ѕвезди, кози на сликите во книгите и не можеше да разбере по какво решение трага татко ми, во времето кога недостигаа средства да се нахранат децата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)